Дали платата може да ја престигне потрошувачката кошница која станува се поскапа?
Вредноста на Синдикалната минимална кошничка за јануари 2021 година изнесува 33.650 денари.
Како што соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), од елементите што ја сочинуваат кошничката, на исхрана и пијалаци отпаѓаат 14.021,96 денари, на домување 10.817,34, на хигиена 2.375,68, на превоз 2.483,93, на облека и обувки 2.157,25, на култура 1.067,86, додека на одржување на здравје 726,25 денари.

