ПравдаСветот на работникот

Дали платениот одмор може да се користи во повеќе делови?

Едно од најчесто поставуваните прашања на платформата „мој труд, мои права“ е дали платениот одмор може да се користи во делови.

Одговорот гласи: Вработеното лице има можност годишниот одмор да го користи во повеќе делови во договор со работодавачот, но еден дел од годишниот одмор мора да трае најмалку две непрекинати работни недели.
Работодавачот има законска обврска да му обезбеди на вработеното лице искористување 12 работни дена годишен одмор до крајот на календарската година, а другите неискористени денови да може да се користат до 30 јуни наредната година.