Користење на лекови кои паѓаат на товар на Фондот врз основа на електронски рецепт според новите законски измени (на Законот за здравствена заштита)
Користење на лекови кои паѓаат на товар на Фондот врз основа на електронски рецепт според новите законски измени (на Законот за здравствена заштита)
Лековите од Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот, се издаваат на осигуреното лице врз основа на рецепт издаден од страна на избран лекар во електронска форма потпишан со квалификуван дигитален сертификат со содржина која ја утврдува Фондот, по претходно мислење од Министерството за здравство и Агенцијата за лекови и медицински средства, се пропишува во новиот член 28-а од Законот за здравствено осигурување.
„Пропишувањето на лековите на електронски рецепт и издавањето на лекот во аптека, аптекарска станица или подвижна аптека, се врши преку информатичко-комуникацискиот систем на Фондот.
Фондот врши проверка и контрола на податоците за пропишаните и издадените лекови на електронски рецепти и најмалку еднаш дневно ги доставува проверените и контролираните податоци за електронските рецепти во информатичко-комуникациската инфраструктура во Министерството за здравство согласно со овој закон и прописите од областа на евиденцијата во областа на здравството.
Проверениот и контролираниот електронски рецепт заверен од Фондот со временски жиг се запишува во Регистарот на рецепти на Фондот, по што аптеката, аптекарската станица или подвижната аптека му издава лек на пациентот.
Фондот преку информатичко-комуникацискиот систем генерира спецификација на лековите издадени од аптека, аптекарска станица или подвижна аптека, врз основа на проверените и контролираните електронски рецепти и подготвува месечна фактура за утврдување на висината на надоместокот за лекови од Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот и се издадени на осигурените лица од аптеката, аптекарската станица или подвижната аптека.
Начинот на препишување на лек и начинот на издавање на електронскиот рецепт, ги пропишува министерот за здравство, по претходно мислење од Фондот“, се пропишува во новите законски измени кои ќе започнат да се применуваат.
Тимот на Јуридика

