ПравдаСветот на работникот

Инспектори на УЈП во штипска „Баргала“ – откриле големи прекршувања

УЈП ја чешла штипска „Баргала“. Директорката, Сања Лукаревска на прес конференција кажа дела се откриени  големи прекршувања во работењето на оваа фабрика за чевли, но конечниот извештај не е готов бидејќи контролата се уште трае. Случајот „Баргала“ стана актуелен откако  менацерскиот тим подели 100 откази на свои работници поради кршење на работен ред и дисциплина. Работниците тврдат дека отказите им се незаконски, а Синдикатот најави и пријава пред обвинителството. 

Штипска „Баргала“ под лупа на УЈП. Директорката Сања Лукаревска со лоша оценка за даночното и сметководствено работење на компанијата. Според неа контролата е при крај. Даночните инспектори не ги интересирале само персоналниот данок на доход и неисплатените плати, туку и данокот на добивка. 

Повеќе на 24.мк