ПравдаСветот на работникот

Дали ТВОЈАТА работа е достоинствена?

Дали ТВОЈАТА работа е достоинствена?
Слушате како се говори за достоинствена работа и достоинствена плата, но не сте сигурни што подразбираат. За да оцените самите дали вашата работа е достоинствена, одговорете на следните неколку прашања:
• Дали моите работнички права се почитуваат?
• Дали работата ме мотивира?
• Дали колегите и претпоставените ме почитуваат?
• Дали имам соодветни услови за забота (во смисла дали е соодветен просторот, соодветно обезбеден, затоплен во зима, климатизиран во лето, итн)?
• Дали мојата плата е еднаква со платата на колегите со кои работам иста работа?
• Дали мојот приход ми овозможува достоинствен живот?
• Дали кога ќе ме прашаат каде и што работам со задоволство одговарам?
Ова се неколку прашања кои ќе ви помогнат да согледате каква е вашата работа, односно како вие ја доживувате. Доколку на повеќето прашања одговоривте со да, вашата работа е достоинствена. Колку повеќе одговори со не значи дека треба да преземете конкретни чекори за да се променат нештата или ако имате можност, да си најдете нова работа.
Тимот на Јуридика