Демант на Институтот за педагогија
Со ова сакам да ја дополнам информацијата која дел од медиумите ја пренесоа и да потенцирам дека не̓ сите професори од Институтот имаат идентичен став во однос на предлог Концепцијата за основно образование, како што е пренесено. Ве извесувам дека како раководител на Институтот за педагогија, заедно со мојата колешка проф. д-р Лена Дамовска сме дел од работната група за изработка на предлог концепцијата зад која во целост стоиме и дека не̓ сите професори од Институтот имаат идентичен став во однос на предлог Концепцијата.
Со почит,
Раководител на Институтот за педагогија
проф. д-р Јасмина Делчева-Диздаревиќ

