ЕкономијаМакедонија

Дизелот поевтин за 2,5 денари, бензините поскапи за 2 денари

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за ново намалување на малопродажните цени на нафтените деривати кои стапија на сила од полноќ.

Цените на Бензинот од 95 октани како и 98-мицата се зголемени за 2 денари, додека дизелот е за два и пол денари поевтин.

Екстра лесното масло ќе се продава за денар помалку односно за 96 денари, а кај мазутот има минимално зголемување на 46,6 денари.