Едуцирана работна сила има, отвoрените пазари ќе ни ги земат работниците што досега не заминале
На македонскиот пазар на труд постои вишок работници кај професиите со повисоки квалификации, со исклучок кај информатичко-телекомуникациските дејности. Максимумот се достигнува во образовните (педагошки) занимања, каде што соодносот слободно работно место – невработени е еден спрема 71. Ова е дел од студијата на „Finance Think“ – „Предуслови за мобилност на работната сила при регионална економска интеграција: Предности и недостатоци од македонска перспектива“.
Од друга страна, пак, како што е наведено, за шест од осум занимања со пониски квалификации недостигаат работници. Тоа е особено изразено кај услужните и основните работници. „Последново е поврзано и со фактот дека речиси 60% од регистрираните невработени лица се без одредено занимање, со ниско или без образование. Оттука, подлабоката регионална интеграција на пазарот на труд може да поттикне мобилност која ќе го зголеми достапниот сет вештини на пазарот, а за лицата во суфицитарните занимања со повисоки вештини ќе понуди повеќе можности за вработување и заработка“, стои во анализата.
Повеќе на Пари

