Експерт од Харвард: Никогаш не сакате да станете или да работите за некој од овие 5 типа на шефови
Никој не сака да стане лош шеф, а не па да работи за еден. Експерт од Харвард има нов водич за идентификување и избегнување на таквите шефови.
Бил Џорџ, постар член на Бизнис школата на Харвард и поранешен извршен директор на медицинско – технолошката компанија Медтроник поминал речиси 20 години проучувајќи ги потфрлувањата на лидерите на работните места. Шефовите се осудени на пропаст кога ќе го изгубат „хоризонтот“, вели Џорџ за CNBC Make it, мислејќи на нивните верувања, вредности и вистински цели како лидери.
Овие карактеристики, вели тој, им овозможуваат на луѓето да прават добри одлуки и да бидат ефективни лидери. „Тие карактеристики ги прават автентични, а луѓето природно сакаат да следат автентнични лидери.“
Губењето на своите вредности нема никаква врска со тоа колку сте паметни, истакна Џорџ. Тоа се случува кога ќе бидете заведени од парите, славата или моќта, на сметка на моралниот компас.
Неодамна, Џорџ и коавторот Зак Клејтон објавија нова книга под наслов: „True North: Leading Authentically in Today’s Workplace, Emerging Leader Edition.” Книга идентификува пет архетипови на шефови за кои не сакате да работите, а и да станате како нив, бидејќи тие, на некој начин, го имаат изгубено својот хоризонт.
Еве кои се тие типови на шефови, за кои Џорџ вели дека се осудени на пропаст:
1. Измамници
Измамниците неуморно се борат за да дојдат на чело на организацијата, „купувајќи“ го своето место преку шарм и предложување на добри идеи, вели Џорџ. Но кога ќе дојдат на чело, немаат поим како да водат ефективно, бидејќи немаат самосвест.
Овие шефови немаат точна претстава за нивниот личен карактер, дејствија или чувства. Тие се борат со тоа да препознаат како другите луѓе ги гледаат, вели Џорџ. Тука лежи проблемот: Самосвеста има помага на шефовите да увидат што е добро, а што е лошо во нивното лидерство. Тоа им покажува како нивните дејствија им помагаат или им наштетуваат на вработените и што можат да подобрат за да ги водат поефективно.
2. Рационализатори
Рационализаторите секогаш сакаат да се претставуваат како да се на чело на се што прават, вели Џорџ. Тие се исто така „експерти за негирање“ кои никогаш не сакаат да ги признаат и да научат од своите грешки. Напротив, тие ги рационализираат погрешните чекори и ги прават виновни другите.
Џорџ за пример го зел Рајат Гупта, поранешниот партнер во глобалната консултанстска компанија Мекинси. Џорџ го познава Гупта лично – заедно биле членови во три одбори, вклучувајќи го и Голдман Сакс во 2008 година.
Во 2012 година, Гупта бил осуден на две години во федерален затвор откако споделил интерени информации за инвстциијата од 5 милијарди долари која Ворен Бафет ја направил во Голдамн и која била наменета за Рај Рајаратнам, основач на хеџ фонд компанијата Галеон Груп. Рајаратнам ги употребил тие информации за да направи нелегална трансакција од која генерирал 90 милиони долари нелегален профит.
3. Трагачи по слава
Трагачите по слава ја дефинираат својата вредност според парите кои ги заработуваат, нивната популарност и проминентноста на нивните титули, вели Џорџ. Нивен приоритет е нивната лична слава, наместо да изградат компанија со долгогодишна вредност и истите никогаш не се задоволни со тоа што го имаат.
4. Осамени шефови
Осамените шефови (не се мисли на интровертите), избегнуваат да формираат блиски врски и да се вмережуваат, вели Џорџ.
Тие мислат дека можат се да направат сами и често ги одбиваат фидбекот и советите од страна на вработените, членовите на одборот и менторите. Како резултат на тоа, тие се осудени на правање на грешки, а компанијата која ја водат е осудена на пропаст, истакна тој.
5. Ѕвезди во најава
Ѕвездите во најава единствено се фокусираат само кон напредување, наведува Џорџ. Тие често скокаат од работна позиција на работна позиција, од компанија во компанија, без да одвојат време за да ги согледаат и да научат од своите грешки.
Џорџ посочи дека стратегијата им помага да напредуваат рапидно, но ги прави недоволно добри лидери. На крајот, како што вели, „паѓаат и горат.“
Извор: CNBC
Фото: Shutterstock

