ПравдаСветот на работникот

Утре на Уставен суд ќе се разгледува иницијативата за укинување на недела неработен ден

Почитувани,
Поради интерес на повеќе медиуми и организации Уставниот суд информира дека на седницата којашто е закажана за 14 септември (утре) во 9:30 часот ќе расправа и за Рефератот У.бр.4/2022 кој е подготвен по претходно поднесена иницијатива од страна на Стопанската комора на Северна Македонија. Имено, се работи за предмет во кој е оспорен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, којшто во својата содржина опфаќа „работа во недела”.
Во иницијативата се наведува дека ден на неделен одмор може да биде било кој друг ден во неделата, дека е утврден и додаток на плата за работа во недела во износ од најмалку 50% за секој час поминат на работа и од тие причини е дозволена нееднаквост на граѓаните пред законите. Во иницијативта се содржани наводи дека со ова законско решение работодавачите од економските дејности на кои им се забранува работа во недела (неметалните минерални производи) и имаат еднаква правна положба од аспект да ги намируваат данокот и другите јавни давачки кон државата кои се утврдени со закон се ставени во нееднаква правна положба со работодавачите од економските дејности на кои им е дозволено да работат во недела, од аспект да остваруваат приходи и добивка. Подносителот смета дека е нарушено начелото на владеење на правото и дека оспорениот закон е во спротивност со членот 8 став 1 алинеи 3 и 7 и член 9 став 2 од Уставот.