„Жените имаат право на еднаков пристап во трудот, лидерство во кариерата и заштита од родово базирано насилство на работа и дома!”
Фејсбук статус на Проф. Д-р Лазар Јовевски:
Жените имаат право на еднаков пристап во трудот, лидерство во кариерата и заштита од родово базирано насилство на работа и дома!
На денешната владина средба, помеѓу главниот координатор на UN за Македонија гѓа Рита Колумбија, и министерот за економија и труд – Бесар Дурмиши, заменик министерот за социјална политика Ѓоко Велковски и заменик министерот за финансии – Николче Јанкуловски разговаравме за идните чекори и можностите за продлабочување на меѓусебната соработка, со фокус на конкретни иницијативи за поголемо вклучување на жените на пазарот на трудот, зголемување на лидерството кај жените, како и социјална заштита и заштита од родово базирано насилство.
Оваа средба ја потврди заедничката определба за силно партнерство, координација и ефикасна реализација на заедничките приоритети и преземање на конкретни чекори во пракса!

