Инспекторите не го даваат Пауновски, Владата вели дека рамковните веќе земаат плата
Инспекторите во Државниот пазарн инспекторат (ДПИ) застанаа во одбрана на својот шеф и бараат да се повлече барањето за негово разрешување. По најавите на премиерот Зоран Заев дека „пркос“ не е дозволен и дека ќе биде побарано разрешување на Пауновски, кој отворено одби да прифати во неговата институција да бидат прераспределени 35 „рамковни“ административци, вработените се мобилизираат во повеќе градови и потпишуваат петиција.
Во „одбрана“ на премиерот Заев застанаа вицепремиерите Љупчо Николовски и Артан Груби кои во заедничко соопштение информираат, меѓудругото, дека Пауновски не одговарал ниту на телефонските повици на Заев.
Колегите на директорот Пауновски, пак, бараат Владата да се повлече од идејата за разрешување на првиот човек на Инспекторатот, кој според нив, изминатиот период покажал капацитет за успешно раководење со институцијата.
„Условите кои ги обезбеди за вработените и за работењето на ДПИ во три години од неговиот мандат се услови коишто ќе ги користат вработените уште многу години во иднина. Од набавка на нови возила, комплетна реконструкција на речиси сите подрачни одделенија, како и зголемување на бројот на инспектори во однос на административен кадар. Квалитетот на работењето, како и реномето на Инспекторатот го издигна на многу повисоко и попрофесионално ниво, за што укажуваат и остварените резултати“, вели инспекторката Александра Котели во изјава за медиумите.
Повеќе на ДВ

