Светот на работникот

Како да станете незаменлива алка во секој тим?

Постои огромна, често невидлива разлика помеѓу тоа само да ја работите својата работа и навистина да се истакнете во неа. Тоа не е вештина која се учи на факултет, ниту нешто со што луѓето се фалат на LinkedIn. Тоа се гледа во помалку гламурозните моменти, во начинот на кој се носите со притисокот или им пристапувате на задачите за кои знаете дека нема да добиете аплауз.

Токму на овие три навики, кои поголемиот дел ги занемеруваат, укажал претприемачот Анкур Варику. Според неговите зборови, напредокот не е прашање на талент, туку чиста дисциплина. Еве што ги издвојува најдобрите од просекот:

1. Доверливоста како „супермоќ“

Доверливоста можеби звучи здодевно, но и во деловниот свет полн со изговори и пробиени рокови, таа е вистинска супермоќ. Најдобрите вработени не чекаат надредениот да ги праша за извештај, тие ги испраќаат и пред рокот.

Да се биде доверлив не мора да значи совршен робот, туку и лице на кое другите можат да се потпрат. Кога ќе станете некој кој не треба постојано да се проверува, престанувате да бидете само вработен и станувате партнер. Довербата е највердна валута во бизнисот, а се стекнува едноставно: така што ќе исполните се’ што сте ветиле.

2. Храброст да кажете „не знам“

Сите сме биле на состаноци каде некој збунето кима со главата, преправајќи се дека ја разбира темата. Таквиот пристап „преправај се додека не помине“ обично се завршува со скапа грешка. Варику истакнува дека најдобро учат тие кои имаат храброст да прашаат: „Не сум сигурен што тоа значи, можете ли да ми појасните?“

Поставувањето на прашања не е знак на слабост, туку доказ дека ви е поважно да ја завршите работата како што треба отколку да испаднете паметни. Со тоа штедите на време, спречувате проблеми и, на крајот на краиштата, стекнувате поголема почит од страна на колегите.

3. Професионален однос кон грешките

Кога поголемиот дел од луѓето ќе згрешат, првиот инстинкт им е одбрана. Ги обвинуваат софтверот, клиентите или „лош ден“. Врвните професионалци, меѓутоа, на грешката гледаат како на информација. Наместо прашање „Кој е виновен?“, тие прашуваат: „Што пропуштивме и како да го спречиме ова да не се повтори?“ Тоа поместување од одбрана кон учење ја менува динамиката на целиот тим.

4. Моќта на слуштањето и емоционалната интелиенција

Високиот коефициент на интелигенција може да ви помогне да ја добиете работата, но емоционалната интелигенција е она што ве води понатаму. Вработените кои се истакнуваат не скокаат веднаш со решенијата штом колегата се пожали. Тие прво внимателно слушаат.

Кога покажувате дека го разбирате туѓиот стрес или фрустрација, градите влијание на начин на кој ниедна табела или извештај не можат да постигнат. Таквото работно опјружување добива човечка дименизја, а вие станувате природен лидер.

5. Доследност и кога никој не гледа

Секој може да „руши рекорди“ во текот на првата недела додека е мотивиран или под будното око на шефот. Меѓутоа, најдобрите покажуваат исто ниво на предаденост и кога работата е монотона, а пофалбите изостануваат.

Успешната кариера се гради токму во деновите кога не ви се работи. Кога ќе поставите сопствени високи стандарди и се држите до нив, не поради бонусот, туку затоа што вашиот потпис станува незаменлив.

Извор: BIZLife/К.Ј.