ЕкономијаСветот на работникот

Кои се 20 -те најбрзо растечки и 20 -те најбро опаѓачки професии?

Подготивил: Бобан Илијевски

Пазарот на трудот несомнено доживува големи промени. Некои занимања бележат раст, а некои пад, а со тоа и се случува и флуктуација на работната сила, која преминува од професиите кои забележуваат во пад, во професииte кои растат. 

Порталот Visual Capitalist преку табеларен приказ покажува кои се 20 – те професии кои доживуваат брз раст и 20 – те професии кои доживуваат брз пад на пазарот на трудот во САД. Во самите табели е прикажан процентуален и нумерички износ на тоа колку вработени би имало во најбрзо растечките професии, како и колку изнесувала годишната медијална плата во 2020 година. 

Според табелите, најбрз раст имаат техничарите на ветерни турбини, со инсталатерите на соларни фотоволтаици на трето место. Рапидниот раст се должи на побарувачката за обновлива енергија. Сепак, како што пишува порталот, поради тоа што се работи за релативно мали професии, во двете ќе се отворат околу 11,000 нови работни место. 

Девет од топ 20 најбрзо растечки професии се во здравствениот сектор каде што има и најголеми плати. Ова се должи на стареењето на популацијата на бејби бумери и зголемувањето на бројот на болни од хроночни болести. Домашното лекување и личната грижа, кои асистираат при рутниски здравствени задачи ќе отворат милиони работни места во следната декада. Но, работниците кои ги работат овие професии се најмалку платени на листата.

Работните места во ИКТ сектор и оние кои се повразни со математика ќе доживеат голем раст. Се очекува да се зголеми побарувачката за работни места во ИКТ секторот во однос на безбедноста и развој на софтвери. 

Најбрзо опаѓачки професии

Промените во структурата на економиите ќе доведат до тоа да некои професии доживеат пад. Ова се 20-те кои ќе доживеат најбрз пад.

Осум од топ 20 најбрзо опаѓачки професии се во административниот сектор. Тука влегуваат и работните места во производството на добра и услуги, како и продажните работни места кои исто така бележат пад. 

Автоматизацијата е една од најголемите причини за опаѓањето на овие професии. На пример, софтверот кој автоматски го конвертитра звукот во текст ќе ја намали потербата за дактилографи. 

Треба да се потенцира дека брзо растечките професии бараат и соодветно образование. На крајот на краевите, не можеш да работиш во здравствениот сектор, ако немаш соодветно образование за тоа.