Компетитивни плати за градежници, за ИТ-специјалисти и за бизнис-консултанти
Германскиот трговски синџир „Лидл“ веќе огласи повеќе од десетина слободни работни позиции за архитекти, градежни инженери, ИТ-специјалисти и за бизнис-консултанти. Огласите се отворени од април и постојано се реобјавуваат за да има поголем избор на квалитетни кандидати, вели за „Слободен печат“ Јулијана Миновска, управител на канцеларијата на „Хед-хантер“ во Скопје, иновативна компанија за вработување и регрутација, која е присутна во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, БИХ. „Лидл“ ќе понуди компетитивни плати, а во втората фаза ќе следуваат и огласите за вработените во маркетите. Според најавите, овој германски трговец ќе биде присутен во 8 македонски града, но приоритет е Скопје.
Повеќе на Слободен печат

