Вести

Конференција за дигитализацијата и балансот помеѓу работниот и приватниот живот

„Дигитализација на пазарот на трудот” е темата на конференцијата која од 15 до 17 мај се одржува во хотелот „Панорамика” во Скопје.

Конференцијата, која е финансиски поддржана од Европската унија, е организирана од полскиот синдикат „Солидарност”, а на неа свое учество имаат синдиклални претставници од Конфедерацијата на слободни синдикати, претставници од полскиот синдикат, Организацијата на работодавачи на Македонија и претставници од македонски компании.

На конференцијата се дискутира за дигитализацијата на работните процеси, работатата на далечина и балансот помеѓу работниот и приватниот живот.