Короната лани избркала од работа дури 52.023 лица, најмногу откази добиле лицата над 55 години
Во периодот од јануари до декември 2020 година во државава останале без работа дури 52.023 лица, покажуваат податоците објавени на сајтот на Агенцијата за вработување. На почетокот од минатата година во земјава имало 104.409 невработени, а на крајот на 2020 година оваа бројка се зголемила на 156.432 лица.
Од Агенцијата нагласуваат дека со состојба на 31.12.2020 година евидентирани се 17.026 невработени лица за кои престанокот односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот после 11.03.2020 година, односно во периодот на кризата предизвикана од ковид-19.
Повеќе на плусинфо.мк
