ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Кочовски: Покрај минималната плата, треба да се разговара и за пропорционален раст на платите

Околу најавената работна средба на Економско – социјалниот совет.
За поздравување е почетокот на првичните разговори околу минималната плата која што ќе ја водат МТСП, синдикатите и организацијата на работодавачи, но останува впечатокот дека вака крупно прашање не смее да остане само на разговор помеѓу овие субјекти.
Во најмала рака, потребно е вклучување на пошироката јавност, а особено останатите синдикати кои што не се дел од ЕСС, здруженијата на граѓани кои што ја работат оваа материја, како и професионалци од областа на трудовото право.
Државната политика околу платите на работниците не може, а и не смее да се сведе само на мислења од 3 субјекти, туку треба да биде производ од различни гледишта и ставови, со цел да се избере, но и примени вистинското решение.
Покрај разговорите за зголемување на минималната плата, од круцијално значење е да се дискутира и за пропорционален пораст на другите плати, со цел да не се случи изедначување на помалку платените работни позиции со поплатените, а тоа да придонеее за пад на продуктивноста и незадоволство помеѓу народот.
Повторно укажувам на фактот дека при вакви дискусии мора да се започне со вклучување на повеќе субјекти во официјалните разговори, но потребно е воведување и на јавни дебати, како и медиумски простор за анализа и промоција на овие проблематики.
Независно што не сум фан на власта и нејзините политики, стојам на располагање доколку сметаат дека имаат потреба од малку поразлично, критички настроено мислење. Истото се однесува и за медиумите. Мора да се започне со правилен начин на работење во оваа сфера пред да биде доцна.