ПравдаСветот на работникот

Лекција по трудово право: Дисциплинска одговорност на вработените во јавните установи

Рубрика за трудово и социјално право
Тема: Дисциплинска одговорност на вработените во јавните установи
Работењето во јавна установа за социјална зашита е специфичен вид на работа, каде вработените како даватели на јавни услуги, лично се одговорни за вршењето на работите
и работните задачи од работното место. Исто како и за сите останати вработени од јавниот сектор и тие не се исклучени од дисциплинската одговорност во случаи на повреда на работните задачи. При повреда на службената должност вработениот може да одговара на еден од двата начина: за дисциплинска неуредност или пак за дисциплински престап. Додека дисциплинска неуредност претставува полесна повреда на работна дисциплина, работните задачи, угледот на институцијата или на давателот на јавна услуга, дисциплински престап пак претставува потешка повреда на службена должност. Што точно се мисли под дисциплинска неуредност, а што под дисциплински престап е конкретно уредено со Законот за социјална заштита.
Во зависност од тоа каква одлука е донесена по поднесената постапка за дисциплинска одговорност, односно дали станува збор за дисциплинска неуредност или пак за дисциплински престап ќе биде изречена соодветна мерка. За дисциплинска неуредност на давателот на јавна услуга може да му се изрече писмена опомена или парична казнаво висина од 10% од висината на едномесчниот износ на нето плата исплатена во
последниот месец пред дисциплинската неуредност во траење од еден до три месеци. Додека пак за за утврден дисциплински престап на вработениот му следува парична казна во висина од 30% од висината на едномесечниот износ на нето плата исплатена во последниот месец пред дисциплинскиот престап во траење од еден до шест месеци. Кај дисциплинскиот престап како мерка постои и распоредување на работно место на непосредно пониско ниво или престанок на работниот однос кога настапиле штетни последици за институцијата, а притоа не се утврдени олеснителни околности за давателот на јавна услуга кој го сторил престапот.
ПРАВИЛНО е да се смета дека има диверзитет во дисциплинската одговорност кај вработените во зависност од степенот и видот на прекршувањето на работниот ред и дисциплина.
ПОГРЕШНО е да се смета дека бројот на таквите изречени одлуки може да е неограничен, имено збирот на паричните казни изречени на давателот на јавна услуга во еден месец за
дисциплиска неуредност и дисциплински престап не може да надмине 30% од износот на неговата вкупна нето плата за тој месец.
Проф. д-р Лазар Јовевски