ЕкономијаМакедонија

МАКЕДОНИЈА СО НАЈЕВТИНИ ГОРИВА во регионот

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека Владата продолжува со политиките за заштита на стандардот преку намалени акцизи за бензините и дизелот, како и повластена стапка на ДДВ за бензините. Иако не се планира дополнително намалување на ДДВ-то за дизелот, тој истакна дека државата е лидер во Европа според обемот на применети мерки во однос на БДП, повикувајќи се на податоци од ММФ.

Според премиерот, ваквата ценовна политика ја трансформираше земјата во регионален енергетски центар, каде граѓаните од сите соседни држави редовно ги полнат своите возила, со што директно се зголемува прометот на домашните бензински станици.

„Како држава сме фактор на стабилност и продолжуваме со политика која ќе значи подобар стандард за граѓаните. Остануваме на намалените акцизи за бензините и за дизел горивата, остануваме на намаленото ДДВ за бензините и остануваме со убедливо најниска цена на бензините и дизел горивата во регионот“, изјави Мицкоски.