МАКЕДОНСКА ПОШТА ПРЕД ШТРАЈК: Се бара линеарно покачување на платите, Владата и Управниот одбор глуви, граѓаните нема да можат да плаќаат сметки!
Над 1.000 вработени лица во Македонски пошти наскоро ќе започнат штрајк доколку Управниот одбор и владата не ги исполнат нивните барања за линеарно покачување на платите во износ од три илјади денари подеднакво за сите вработени.
Вработено лице во една од многуте пошти во земјава во изјава за КУРИР вели дека дефинитивно ќе стапат во штрајк доколку владата и овој пат остане нема на нивните барања.
-Платите се мизерни и не се покачени со години, бараме покачување кое е нужно во ова време кога се е покачено, од цените во маркетите, до горивата, па се до кризата и војната која се случува во Европа. Се надеваме дека овие барања на нашите синдикални здруженија ќе родат со плод, ако не за 10 дена колку што е законскиот рок почнувајќи од денес ние стапуваме во штрајк, вели нашиот добро упатен извор вработен во Македонска пошта.
Повеќе на Курир

