Младите ги пакуваат куферите – на што да внимавате ако заминувате на сезонска работа во Хрватска?
Со почетокот на летната сезона, многу Македонци се во потрага по работа во странство, најчесто во соседните земји, но и подалеку.
Најпопуларни се работите во хотелиерството и гастрономијата, но и во транспортот и трговијата. Некои од нив се одлучуваат и за работа на брод, која нуди високи плати, но и големи предизвици.
Според агенциите за вработување, сезонската работа во странство е добра можност за заработка, но и за стекнување искуство и знаење. Тие велат дека секој кој сака да работи како сезонски работник во странство треба да се вработи преку лиценцирана агенција, која соработува со сериозни работодавачи и која ќе го заштити од можни манипулации и експлоатации.
Повеќе на Денар.мк

