НовостиСветот на работникот

Младите знаат што точно бараат од работодавачот: Не сакаат да работат без да им се исполнат овие три услови

   Време за читање 2 минути

Многу се пишува за милениумците и генерацијата Z, како и младите работници кои настојуваат да го променат пазарот на труд преку своите идеи, иницијативи, но и условите/барањата. 

Заблудата која владее е дека оние кои се родени помеѓу 1997 и 2012 година, се против традиционалните професии и дека се бават, односно сакаат да се бават само со иновативни занимања. 

Од друга страна, вистина е дека оваа генерација сака компаниите за кои работат да сфатат кои им се приоритетите и зошто бараат нешто, а потоа и да создадат работни места кои ги исполнуваат очекувањата на младите (и идните) вработени. 

За да се застане на патот на разните митови кои кружат за нив, поврзани со работата, во САД е спроведено истражување на потребите и желбите на 500 претставници од генерацијата Z, на возраст од 18 до 24 години. 

Целта била да се дознае што оваа генерација сака и како компаниите можат да им излезат во пресрет, за да ги привлечат и задржат овие талентирани и креативни млади луѓе. 

Истражувањето на кое се повикува компанијата „Fast Company“ покажува дека на генерацијата Z платата ѝе од големо значање (1), бидејќи 61 % од испитаниците рекле дека платите и бенефициите им се пресуден фактор. Во анкетата се истакнала и работата на далечина, која се смета за предност меѓу помладата генерација. 

Сепак, не им е пресудна. Само 34 % од испитаниците работата на далечина ја доживуваат на тој начин. 

Изненадување, можеби е уште една област која е важна за оваа генерација, а тоа е грижа за менталното здравје (2), со оглед на тоа дека 51 % од испитаниците овој фактор го ставиле меѓу трите најважни. 

Од тоа може да се заклучи дека работодавачите кои сакаат да вработат млади луѓе, би требало да посветат повеќе внимание на менталното здравје и благосостојбата. 

posao

Фото: Freepik

Според студијата на Националниот институт за здравје, секој трет адолесцент, на возраст од 13 до 18 години, искусил анксиозно нарушување. Освен тоа, бројот на самоубиства меѓу тинејџерите пораснал за 56 %, во перидот помеѓу 2007 и 2017 година. 

Уште една значајна работа за генерацијата Z е платеното боледување (3), како боледување посветено на грижа за своето ментално здравје. Исто така, очекуваат дека работодавачот треба да им понуди терапии и да ја нагласи рамнотежата помеѓу работното и слободното време. 

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Freepik