ПравдаСветот на работникот

На кого паѓа товарот на докажување во одредени работни спорови?

На кого паѓа товарот на докажување во одредени работни спорови?
Ако кандидатот за вработување, односно работникот, во случај на спор изнесе факти дека работодавачот постапил спротивно на Законот за работни односи кој ја уредува забраната за дискриминација по кој било основ, како и забраната за било каков вид на вознемирување, на работодавачот е товарот на докажувањето дека немало каква било дискриминација, односно дека постапил во согласност со членовите од законот за работни односи, освен ако докаже дека различниот третман е направен поради исклучоците предвидени во самиот закон.
Во случај на спор за психичко вознемирување (мобинг), товарот на докажувањето паѓа на поединец или група против кои е поведен спор за вршење на психичко вознемирување (мобинг) на работно место, освен ако докажат дека различниот третман е направен поради исклучоците предвидени во законот.Поради поведување постапка за правна заштита од психичко вознемирување на работното место (мобинг), како и сведочење во текот на постапката, на вработеното лице не може на посреден или непосреден начин да му се влошат условите за работа, односно не може да биде ставен во неповолна положба, посебно со намалување на заработувачката, преместување на друго работно место или спречување на напредување или стручно усовршување.
Во случај на спор поради дискриминација на работничка поради бременост, раѓање и родителство, без оглед на времетраењето и видот на работниот однос, товарот на докажување паѓа на работодавачот.
Тимот на Јуридика