На просветните работници согласно колективните договори им следува надоместок за плата за време на штрајк
Анализа на адвокат Александар Димитријевиќ
Последниот период во тек е штрајк на просветните работници кои се одлучија на ваков радикален чекор поради не усогласеност на останатите плати со зголемyвање на минималната плата.
Владата како и секоја друга власт наместо да се заложи за унапредување на правата на работникот, применува мерки на закана и присилба со цел прекинување на штрајкот и враќање во првобитна состојба.
Законски, штрајкот како право на работниците за изразување на револт против работодавецот е нормиран со Законот за Работните Односи (ЗРО) и поединечни Колективни Договори на ниво ма дејност, гранка или работодавец.
Одредбата во член 236 од Законот за Работни односи предвидува право на синдикатот и неговите здруженија да повикаат на штрајк поради заштита на економските и социјални права на работниците. Во оваа одредба законодавецот дал разграничување помеѓу штрајк и штрајк на солидарност кој се организира кај работодавачот.
Во член 240 од ЗРО е предвидена примарна заштита на работниците кои се приклучиле на штрајкот со кој работодавецот е должен за време на штрајкот да ги уплатува придонесите од плата. Владата познавајќи ја материјалната состојба на просветните работници, поради големото поскапување на цените и ниските плати, се заканува дека на работниците кои штракуваат ќе им исплати само придонес на плата како што е предвидено во законот.
Но, оваа материја освен со закон може да се уреди и со Колективни Договори кои можат да предвидат и поголеми права за работникот.
За просветните работници кои се ангажирани во основното и средното образование применливи се Колективниот Договор за основно и Колективниот Договор за средно образование.
Член 54 од Колективниот Договор за основно образование превидува- доколку штрајкот се организира поради повреда на правата на работникот утврдени со закон, Колективен договор или акт на работодавецот да се исплати и надоместок на плата покрај предвидените придонеси.
Истите права се предвидени и за просветните работници од средното образование со член 51 од Колективниот Договор за средно образование.
Согласно овие права предвидени со Колективен Договор, работодавецот е задолжен покрај придонеси да исплатува и надоместок од плата. Неисплатувањето на плата за време на штрајк би преставувало незаконско дејствије.
Во штрајкот недоволно заштитени се вработени во градинките, за кои во Колективниот договор за детска заштита не е предвидена облигација на работодавецот за исплата на надоместок од плата туку само придонеси што би требало да биде изменето во прва прилика кога би се создале услови.

