Над илјада текстилни работници зеле плата под минималната
Околу 1000 работници од седум компании на истокот редовно оделе на работа со полно работно време, но висината на платата што ја добиле на сметките била и до 2000 денари под минималецот.
До „Гласен текстилец“ пријавен е и случај на 970 работници кои добиле плата од 18.000 денари, но не им биле исплатени додатоци. Еден од чекорите што ги преземаат освен испраќање на преставките до трудовите инспектори е да ги информираат и странските текстилни брендови. Сепак она што е интересно велат од „Гласен текстилец“ е како воопшто низ државниот систем поминува плата под минималната.
Од Управата за јавни приходи велат дека во моментов се прават анализи колку македонски фирми исплатитиле плата под минималната. Додека државните институции пресметуваат, во конфекциите се бараат работници. Војната во Украина, донесе во државава нови брендови, но сега нема кој да седне зад машините.
Од “Гласен текстилец” претходно побараа и промена на казните за фирмите што не исплаќаат минимална плата или со нејзина исплата доцнат со месеци. Сметаат дека сегашниот систем на глоби не го дава очекуваниот ефект и се крши врз грбот на работниците и треба побрзо да се донесе новиот Закон за работни односи, на кој се чека повеќе од три години.
Извор: ТВ24

