Занимливости

Настан по повод ослободувањето на Демир Хисар

Ве известувам дека, денес по повод „2ри Септември‟, Денот на ослободувањето на Демир Хисар ќе се одржи свечена седница на Совет на Општина Демир Хисар, а со утврдена програма со што ќе се одбележи празникот на Демир Хисар.
Свечената седница ќе се одржи на 2.9.2022 год., (петок), со почеток во 11 ч. во големата сала во Дом на култура, „Илинден‟, Демир Хисар.

Во прилог ви ја доставуваме и Програмата:
– 10.00 часот, полагање на цвеќе на спомен обележјето на Стојан Лазаровски и споменик на демирхисарските револуционери;
– 11.00 часот, Свечена седница;
• Обраќање на претседателот на Општински одбор на сојуз на борци на Македонија – Демир Хисар, г-дин Менде Солунчевски, по повод празникот „2-ри Септември‟, Денот на ослободувањето на Демир Хисар;
• Обраќање на градоначалникот на Општина Демир Хисар, г-дин Никола Најдовски.
Во рамки на денешниот празничен ден и „Демирхисарското културно лето, 2022 год.‟, ќе се одржи и Промоција на монографијата посветена на легендарната демирхисарска музичка група Бисер „Бисерни години – естрадни маки големи‟ од авторот Благоја Шундовски, со почеток во 19.00 часот во Домот на културата.

Општина Демир Хисар