Останато

Научник што се борел против ебола и ХИВ заразен со коронавирусот: Конечно, и мене ме стигна

Вирологот Питер Пиот, директор на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, се заразил со коронавирус во текот на март. Тој поминал една недела во болница, а откако состојбата му била подобра, бил испратен на домашно лекување.

Пиот бил дел од групата што го откри вирусот ебола во 1976 година и во текот на целата кариера се борел против заразни болести. Тој ја предводел Заедничката програма на Обединетите нации за ХИВ/СИДА помеѓу 1995 и 2008 година и во моментов е советник за коронавирус на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен. Но, неговото лично соочување со новиот коронавирус било искуство што му го променило животот.

– На 19 март одеднаш добив висока температура и ужасна главоболка. Черепот и косата исклучително ме болеа, што беше бизарно. Немав кашлица во тој период, но мојата интуиција ми кажуваше дека го имам вирусот. Продолжив да работам од дома. Вложивме многу напори за телекомуникациско работење во Лондонската школа минатата година, така што не требаше да патувам толку. Таа инвестиција, направена во контекст на борбата против глобалното затоплување, сега се покажа како многу корисна.

Повеќе прочитајте на факултети.мк