Вести

Најчудни прашања кои работодавачите ги поставувале на разговор за работа

Подготвил: Бобан Илијевски

Разговорите за работа често можат да вклучуваат некои неочекувани сомнежливи прашања на кои не сте сигурни како да одговорите. Експертите споделиле што да направите доколку се чувствувате незгодно во такви ситуации.

Разговорите за работа дури и најсамоуверените луѓе ги прават нервозни. Но што да направите кога работодавачот ви постави неочекувано прашање за кое не можете да сфатите каква врска има со работното место за кое сте на разговор?

Понекогаш, без оглед на тоа колку и да ја истражувате компанијата или да ги подготвувате одговорите на генеричките прашања, можат да ве изненадат со неочекувани прашања, оставајќи ве потполно затечени и неподготвени, пренесува Mirror.

Ментроската платформа, PushFar, ги открива најчудените прашања кои на корисниците на Reddit им биле поставувани на разговор за работа. Некои од нив се побизарни отколку што би очекувале. Секако, кога станува збор за разговори за работа, најважно е да се истакнете пред другите и истовремено да ја прикажете најдобрата верзија од себеси. Потполно е нормално да се чувствувате нервозно, а едно истражување покажува дека дури 93 % од луѓето признале дека се чувствуваат нервозно пред разговорот за работа.

Во денешно време, без оглед на тоа колку и да се подготвите, се чини дека работодавачите размислуваат вон рамките кога се работи за прашањата за разговор за работа, па се чини дека невозможно е да се подготвите. PushFar ги открил топ 15-те најчудни прашања кои се користени во текот на интервјуата за работа, пренесува N1.

1. Која е твојата Убер оценка?

2. Како се носиш со глупите луѓе?

3. Да сте овошје и зеленчук, што би биле и зошто?

4. Да можете да бидете било кој од 150 Покемони, кој би го одбрале?

5. Дали верувате во вонземјани?

6. Како ја разрешивте последната расправија со колегата на работа?

7. Да можете да бидете било кој кујнски прибор, што би биле?

8. Што твојот непријател би кажал за тебе?

9. Да можете да бидете куче, која раса би биле?

10. Кое е твоето внатрешно животно?

11. Кажете ми добар виц.

12. Да сте дрво, какво дрво би биле?

13. Да можете да бидете дел од happy meal на Мекдонадлс, кој дел би биле и зошто?

14. Ја сакаш оваа работа или ти треба оваа работа?

15. Убеди ме да го гледам твојот омиелн филм.

 

Извор: Poslovni.hr

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk