Неделков по повод Светскиот ден на пристојна работа: „СОНК, вистински борец за пристојна работа во текот на целата година, деценија….. од неговото постоење!”
Фејсбук статус на Претседателот на СОНК, Јаким Неделков:
Светскиот ден на пристојната работа се одбележува на 7 октомври. Тој е ден за промоција на достоинствени услови за работа и заштита на работничките права.
– Достоинствена плата која овозможува пристоен живот.
– Безбедни и здрави услови за работа.
– Заштита од дискриминација и вознемирување.
– Право на здружување и синдикално организирање.
– Сигурност на работното место и социјална заштита.
СОНК, вистински борец за пристојна работа во текот на целата година, деценија….. од неговото постоење !

