Независниот синдикат на полицијата излезе на протест – бара усогласување на платите
Да се усогласи минималната плата во пресметката на платата согласно колективните договори, ова е клучното барање кое денес ги изнесе на протест членовите на Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) и Независниот синдикат на полицијата (НСП).
Протестниот марш почна од хотелот „ВИП“ па се до Владата, каде синдикалците ги прочитаа нивните барања. Претседателот на НСОН, Томислав Гиевски истакна дека постои огромен револт кај просветните работници, во однос на начинот на кој се пресметува нивната плата.
– Ако во нашата држава, минималната плата е 18.000 денари, повикуваме, апелираме и најавуваме дека од ден на ден ќе бидеме се побројни тука, доколку не се изнајде решение за просветниот работник конечно да добие достоинствена плата согласно законите и согласно животниот стандард“, рече Гиевски.
Тој најави подигање камп пред владата , која имала простор уште денеска од претходно дадениот 15 дневен рок, за да се изјасни за овие нивни барања, во спротивно деновиве ќе почнеле да кампуваатт на Илинденска за да не дозволат наставникот да е со личен доход под републичкиот просек.
Слични беа барањата и на независниот полициски синдикат, усогласување на платите во рамките на полицијата со новиот републички просек. – Не можеме од март натаму да продолжиме со работа по таа плата за која што работат полицајците сега . Барање има доставено и до министерот за внатрешни работи. Денеска со овој предупредувачки протест апелираме и до министерот за внатрешни но и до премиерот од кого очекуваме брз одговор, рекоа синдикалците од независниот полициски синдикат.
Поддршка на протестот на Независниот синдикат на полицијата, даде и Синдикатот на полицијата во Македонија.

