Нова механизација од АД ЕСМ за рудниците во РЕК Битола
АД Електрани на Северна Македонија презентираа дел од новата механизација набавена за потребите на рудниците во РЕК Битола.
Набавени се четири нови дампери, автодигалка, утоварувач, грејдер и друга механизација со која се обезбедуваат поквалитетни услови за работа во рудниците на комбинатот.
Монтажата ја вршат стручни лица од државата и странство споре кои потребни се пет денови за монтажа на механизацијата која е многу габаритна и обука за нејзино одржување.
АД ЕСМ набави и еден од најсовремените мерачи на топлинска енергија кој исто така е во процес на монтажа на дистрибуитивниот систем за испорака на топлинска енергија за греење во топлификационата мрежа на АД ЕСМ Енергетика, кон потрошувачите.

