ЕкономијаМакедонија

ОБЛОЖУВАЛНИЦИТЕ И КАЗИНАТА „ЌАРИЛЕ“ МИЛИОНИ

Во обложувалниците на „Лајф трејд“ минатата година дефинитвно се свртела најголемата сума и е направена најголемата добивка во овој бизнис – покажува анализата на „Бизнис Мрежа“. Обложувајќи се на својот омилен тим и чекајќи да „ќарат“ од прогнозата, граѓаните и овозможиле на „Лајф трејд“ да сврти сума од 86,8 милиони евра и да оствари добивка од 4,8 милиони евра.

Во ова трговски друштво што официјално е регистрирано во 2007 година во земјава, минатата година има пад на приходите за 2,3 % во однос на претходната година, додека кај добивката падот изнесува 8,3 отсто. Но и покрај полошите финансиски резултати сепак „Лајф трејд“ ги има најголемите приходи и добивка во бизнисот.

Повеќе на pari.com.mk