ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Оглас за вработување во Universal Media Скопје: Отворени се две работни позиции

Universal Media Скопје (UM) е водечка full service медиумска агенција, специјализирана за планирање и закуп на огласувачки простор на сите медиумски платформи за некои од најголемите локални и меѓународни компании. UM Скопје е дел од I&F групата, која вработува повеќе од 650 талентирани професионалци и работи во дванаесет земји во јужна и северна Европа.

На огласот се покануваат да се пријават сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат квалификациите и карактеристиките наведени за следните работни места:

  1. Media Account Manager

Вештини и знаења кои треба да ги поседува кандидатот се:

  • Минимум три години работно искуство во медиa планирање
  • Познавање на софтверите Arianna, TGI и Media Brands
  • Напредно ниво на користење на Microsoft пакетот, особено Excel
  • Способност за аналитичко размислување и расудување, и способност за вршење на повеќе задачи истовремено
  • Познавање на медиумскиот пазар и можностите за рекламирање
  • Познавање на потребите и маркетиншките цели на клиентите
  • Универзитетска диплома
  • Одлично познавање на англиски јазик, најмалку B2 ниво на знаење
  • Напредни презентациски и преговарачки вештини

Описот на работното место вклучува:

  • Реализација на медиумските стратегии на клиентите
  • Подготовка на извештаи за постигнатите резултати според дефинирани параметри
  • Превземање корективни мерки во случај на отстапувања од планираните резултати
  • Супервизија и помош на медиа планерите при сложени прашања и при подготовка на плановите и следењето на кампањите
  • Градење на добри партнерски односи со клиентите и медиумите
  • Водење на тим и супервизија на работењето на членовите на тимот
  • Презентации на клиентите и учество на тендери
  1. Media Planner

Вештини и знаења кои треба да ги поседува кандидатот се:

  • Минимум една година работно искуство во медиа планирање
  • Познавање на софтвериот Arianna
  • Напредно ниво на користење на Microsoft пакетот, особено Excel
  • Способност за аналитичко размислување и расудување, и способност за вршење на повеќе задачи истовремено
  • Познавање на медиумскиот пазар и можностите за рекламирање
  • Познавање на потребите и маркетиншките цели на клиентите
  • Универзитетска диплома
  • Одлично познавање на англиски јазик, најмалку B2 ниво на знаење

Описот на работното место вклучува:

  • Изработка на медиа планови и следење на кампањи
  • Подготовка на извештаи за постигнатите резултатите според дефинирани параметри
  • Превземање корективни мерки во случај на отстапувања од планираните резултати
  • Градење на добри партнерски односи со клиентите и медиумите

На кандидатите им се обезбедува можност за развивање на капацитетите и усовршување во динамично опкружување, како и наградување на личниот придонес, мотивираноста и иницијативноста.

Вашата биографија испратете ја најдоцна до 31.01.2021 година, на hr@ifgrupa.com.

Извор: Маркетинг365