Вести

Петковски: Не видов систем за детекција на пожар во модуларната болница на Инфективна клиника

„Не можам да разберам какви пораки се испраќаат. Вчера цело време викаа дека имало технички прием, дека сите работи биле направени како што треба, за да на крај да дојдеме до еден момент – примопредавање, што и да значи тоа“, вака започна одговорот на Претседателот на Македонското здружение за заштита при работа Милан Петковски, во Тема на денот на Сител телевизија. 

Тој исткна дека кога го гледа ова од аспект на струката, превенција, безбедност, заштита од пожар итн., пред се е задолжително да се почитуваат стандардите кои превенираат создавање на вакви ситуации. 

Петковски објасни што е технички прием, посочувајќи дека тоа е потврдување, потоа тоа значи проектирање, ревизија на проекти, проект којшто одговара на ситуацијата и на крајот има тим којшто го прима објектот и проценува дали е изграден според одредени стандарди. 

„Мене уште повеќе ме чуди, ова нека биде директна порака до оние коишто им ги пишуваат говорите на политичарите и пишуваат дека сите технички стандарди се применети, би рекол скратете малку со возбудата, затоа што да беа сите стандарди исполнети болницата нема да изгори за три миути“, рече Петковски.

Тој вели дека постојано во вакви ситуации се повторуваат истите работи, што веќе и можат да се предвидат, а тоа е дека сите кога се во паника ги оттргнуваат работите од себе, наведувајќи дека секој ја префрла вината на некој друг. Нагласи дека имаме стандарди и закони коишто бараат да бидат применти стандарди од инвеститорот или работодавачот. 

„Ако сме дошле до ситуација да направиме модуларна болнива која треба да биде времен објект и да послужи за целта,кога веќе доаѓаме во ситуација да набрзина се направи, според одредени стандарди, тогаш видете кој ги направил, кој се потпишал и на крајот на краевите, дозволил да биде вградено, тоа што било вградено“, рече Петковски. 

Тој раскажа дека во ноември минатата година, бил на инфективната клиника, поточно во модуларната болница. Посочи дека таму не видел систем за детекција на пожар, ниту систем за автоматско гаснење на пожар. „Јас лежев во истите услови, како и тие пациенти во модуларната болница во Тетово“, додаде тој. 

Тој нагласи дека пред се, потребно е да се провери пожарната отповареност на објектот, притоа потенцираше дека потребен е тим на стручни лица коишто би биле експерти секој во својата област и би стоеле позади тоа што ќе го препорчаат. 

Целото интервју погледнете го на следниот линк