Платата, менталното здравје, флексибилност – Што им е поважно на работниците?
Турбуленциите и промените на пазарот на трудот започнале да се случуваат многу години пред пандемијата, сепак на многумина карантинот и работата на далечина им дошле како „пресвртница“.
Истовремено, како што пишува Telegraf Biznis.rs, платите повеќе не им се приоритетни на сите, што е помалку парадоксално со оглед на тоа дека се наоѓаем сред светска инфлација и досега невидени високи цени.
Новите истражувања покажуваат дека акцентот се повеќе се става на менталното здравје. Ова, најголем приоритет претставува за милениумците, покрај него, работниците бараат и подобри работни услови, како флексиблност, работно време и дополнителни бенефити.
Работата на далечина стана желба на голем број од канцелариските работници, од една страна, додека од друга страна, работодавачите бараат тие да се вратат во канцелариите, по што поризлегува дека најприфатливо решение е т.н. „хибриден“ модел – половина од работната недела да работат на далечина, а половина од канцеларија.
Треба да се земе во предвид дека двата модели на работа (работна на далечина и од канцеларија) имаат свои предности и недостатоци – на некој вработен му недостасува комуникацијата со луѓето, на некој му годи излацијата; некој се чувствува запоставено кога работи од дома, додека други би сакале да заштедат време и пари, работејќи на далечина.
Прашањето за модел на работа е индивидуално, но актуелните податоци коишто доаѓаат од пазарот на трудот не се особено охрабрувачки, со оглед дека трендот на „Големиот отказ“ продолжува – секој петти работник има намера да даде отказ од работа до крајот на годината.
Според анкетата на Morning Consult, 82 % од вработените велат дека уживаат во работата на далечина.
Имено, работниците повеќе ја преферираат работата на далечина поради тоа што им овозможува повеќе време и поголема флексибилност, подобар фокус и „не губат“ време во превоз.
Фото: Shutterstock

