ПравдаСветот на работникот

Политичките партии бараат укинување на „балансерот“ за вработување во државна администрација

Бројката на нерезидентното население од минатогодишниот попис е нецелосна и нерелевантна и не може да се вброи во процентот на вработувањата во јавната администрација, вели поранешниот директор на ДЗС Дончо Герасимовски појаснувајќи за тоа кои податоци треба да се користат при усогласување на „Балансерот. Според Герасимовски, промената која ја направи министерот за информатичко општество и администрација Адимирим Алити, а со која во „балансерот“ се внесува и дијаспората со што 29,5 отсто, или секој трет вработен во јавните служби ќе треба да е етнички Албанец не е во согласност со критериумите на Обединетите Нации што важат за сите земји во светот, а се прифатени од Евростат.

„Тоа население кое е добиено со нерездидентно население е население на одредена евиденција, тоа не е попис. Пописот има одредени критериуми кои се спроведува тоа е критичен момент на пописот кој траеше 20-25 дена ова што беше за попишување на население кое служи за одредена евиденција за наши во странство е население прво кое е вработено таму, а евиденцијата се водеше 5-6 месеци, тоа не е население, што настанале промени од март до септември ? Според тоа и таа бројка не може да се вбројува во насление кое треба да се планира за било какви аквивности.

Наместо менување на процентот на Албанците во балансерот за вработување во државната администрација, Демократскиот сојуз ја повикува Владата да го укине овој инструмент, а вработувањата да се спроведуваат според МЕРИТ системот.

„Балансерот подолго време се злоупотребува тој служи за партиски кадри и сега ние имаме гломазна администрација неефикасна и слабо платена. Но балансерот се злоупотребува затоа што тука преку него наводно се обезбедува соодветна правична застапеност на сите етнички заедници во суштина тука главно е ДУИ преку овој балансер вработува и тоа без било какви критериуми. Ние предлагаме вработувањата да се спроведува врз основа на цврсти критериуми. “

Вчера и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски кажа дека е време балансерот да се тргне од критериумите за вработување во јавната служба и наместо тоа едиствено важни да се квалитетите и знањеата.

Во врска со „Балансерот“ од Владата велат дека важно е да се знае дека станува збор за алатка која не е нова и е направена за време на претходната власт, согласно пописот во 2002. Велат дека она што сега е случај е тоа што во Балансерот се земени во предвид резултатите од минатогодишниот попис.

Извор: Канал 5