МакедонијаСиндикат

Потпишан колективен договор на ниво на Министерството за економија и труд

Фејсбук статус на заменик – министерот за економија и труд, Марјан Ристески:

✍️Денес со претставници на синдикатите го потпишавме првиот Колективен договор на ниво на Министерство за економија и труд, со кои го доуредуваме работниот статус на вработените во Министерството, како и органите во состав – Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за наменско производство.

✅ Во рамки на Колективниот договор се утврдува и етапно зголемување на платите во наредните 3 години согласно договорот на Премиерот Мицкоски со репрезентативните синдикати и тоа 👇

👉🏻 7% зголемување од 1 март 2026 година;

👉🏻 дополнителни 7% од 1 март 2027 година и

👉🏻 дополнителни 7% од 1 март 2028 година.

🤝 Потпишувањето на овој колективен договор е суштински исчекор кон подобрување на статусот на вработените, како и потврда за нашата заложба за градење на стабилен, праведен и мотивирачки систем со кои се гарантира унапредување на нивните правата и условите за работа.