ЕкономијаМакедонија

Премиерот Заев и економските ресори во посета на „Ист Гејт Мол” во Скопје

Ве известуваме дека на 10.03.2021 година (среда) со почеток во 11:00 часот, претседателот на Владата Зоран Заев ќе го посети „Ист Гејт Мол” Скопје каде со засилена динамика се одвиваат градежните активности.
Замолуваме медиумите да бидат присутни на локација во 10:45 часот, со цел навремено да ги стават заштитните шлемови и да се постават за изјави кои ќе бидат дадени после увидот на објектот.

Заедно со премиерот Заев, ќе бидат и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за економија Крешник Бектеши кои со менаџментот на „Скопје Ист Гејт” ќе направат обиколка на локацијата и ќе се информираат за инвестициските активности до финална реализација на проектот.

После увидот планирани се изјави за медиумите од страна на премиерот Заев и извршниот директор на „Скопје Ист Гејт”, Игор Давков, како и новинарски прашања.