ПравдаСветот на работникот

Препораката за работа на празници нема да се повлече – „Штом немаме поплаки од вас, тоа значи дека се исполнува законската обврска“, рече Премиерот

Барањето за работа за време на празници, во најголем дел, беше по иницијатива на трговците и угостителите, изјави Премиерот Димитар Ковачевски.

Божиќните и новогодишните празници се секогаш период кога граѓаните купуваат подароци. Тоа за трговците е можност за поголем промет, а за работниците е добра можност да остварат поголем приход. Работниците ќе бидат платени за работа во недела и работа во неработни денови. Тоа мислам дека нема да биде проблем“,

рече Ковачевски.

Тој посочи дека Државниот пазарен инспекторат за време на празниците ќе работи регуларно, согласно планот за работа, без зголемени контроли и се надоврза со пример во кој како репер ги зеде медиумските работници.

Исто како и вас медиумите, вашите директори ве исплаќаат за работа во недела според закон, тоа се однесува и на другите дејности. Немам видено дека Пазарна инспекција одела кај вас во медиуми за да види дали ги добивате вашите заслужени часови за работа во неработни медиуми. Штом немаме поплака од вас, тоа значи дека сите го исполнуваат тоа што е законска обврска,

посочи Премиерот.

На оваа изјава пристигна повторно реакција од „Гласен Текстилец“. Преку Фејсбук статус се огласи Претседателката на Здружението, Кристина Ампева.

За да биде појасно :

Дејностите за кои зборува премиерот имаат забрана за работа во НЕДЕЛА. Според закон кои тие сами го донесоа, на наше барање, секако . Дејностите за кои зборува не се внесени во листите за работа во Недела.

 Бидејки тоа го побарале трговците,еве ние од името на работниците БАРАМЕ државен трудов инспекторат да го почитува законот кој премиерот очигледно не го прочитал,

напиша Ампева.

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk