Вести

Професии кои (наскоро) вештачката интелегенција може да ги преземе

Подготвил: Бобан Илијевски

Вештачката интелегенција може да ги замени работните места. Оваа реченица често се изговара по огромниот напредок на алатките базирани на вештачка интелегенција кои можат да помогнат поефикасно да се сработат одредени работни задачи. Некои луѓе стравуваат дека истата целосно ќе ги замени работниците во одредени сектори, а други велат дека само ќе помогне поефикасно да се завршуваат работните обврски.

Наглиот напредок на вештачката интелегенција, судејќи по се, од корен ќе го промени пазарот на труд. Многумина се загрижени дека рапидниот напредок на робитиката и софтверската автоматизација предводена од вештачката интелегенција ќе ги загрожи, па дури и дека ќе ги елиминира нивните работни места, а со самото тоа и нивниот начин на живот. Меѓутоа, не мора да значи дека ќе биде така, пишува BIZlife.rs.

Во понатамошниот текст, српскиот портал, повикувајќи се на истражувањето спроведено пред 10 години, во 2013 година, од страна на двајца академици од Оксфорд, Мајкл Озборн и Карл Фреј за тоа колку одредени професии се склони кон автоматизација, наведува дека дури 16 професии можат да се автоматизираат пред и да помислиме дека може тоа да се случи. А еве кои се тие професии:

Канцелариски работи

Канцелариските се во најголема опасност да бидат автоматизирани. Она што некогаш го работеле луѓето сега би можела да го работи вештачката интелегенција, притоа со поголема прецизност и помалку време потрошено на задачата.

Сметководство и внесување на податоци

Машините постепено ја заменуваат репетитивната работа и организациските способности потребни за сметководство и внесување на податоци. Денес многу деловни процеси можат да се автоматизираат, а податоците кои ги собираат и чуваат овие уреди често се поточни од оние кои ги внесуваат луѓето. Процесот на учење на внесување податоци и водење на книги обично е краток и не бара специјализирана обука. Покрај тоа, бидејќи роботите работат побрзо од луѓето, ќе се намалат и трошоците за работа за управување со добавувачите и клиентите.

Аналитичари на пазарот

Истражувањето на пазарот е уште едно поле кое е подложно на автоматизација. На основа на корпоративните цели, истражувањето на пазарот водено од вештачката интелегенција може да го унапреди управувањето на портфолиото со проекти, маркетиншки стратегии и стапките на успех. Аналитичарите веќе користат вештачка интелегенција за истражувањата, со цел да ги соберат и проценат податоците од различни извори, како што се социјалните медиуми и онлајн форумите. ВИ им овозможува побрзо да дознаат повеќе за тоа што сакаат купувачите отколку конвенционалните методи.

Финансиски аналитичари и советници

ВИ може да влијае на позициите во секторот на лични финансии кои бараат управување со колични на нумерички податоци, како што се финансиските аналитичари и личните финансиски советници. Имено, ВИ е способен да ги препознае пазарните шеми, да истакне што има подобро во портфолиото, кои се неговите слаби страни и да ги пренесе сите тие факти. Подоцна, може да се примени на многу други облици на податоци за да предвиди поповолен инвестициски микс.

Корисничка услуга

Корисничката услуга е уште една област во која вложувањето во алатки за автоматизација на роботските процеси ќе донесе корист. Алгоритмите веќе имаат капацитет да управуваат со клиентите и да одговараат на најчесто поставуваните прашања (FAQ). Уште една предност на автоматизираните извршни директори на корисничката услуга е што можат да работат 24 часа дневно секој ден, без потреба од пауза.

Можен прблем е што управувањето со клиентите бара многу човечка интеракција. Додека младите генерации се значајно поопуштени во комуникацијата со четботовите и другите дигитални асистенти, постарите генерации, можеби, и понатаму преферираат да разговараат со човечко суштество. Како резултат на тоа, роботизираните претставници на корисничката служба можеби нема во потполност да ги ги заменат своите човечки колеги, туку само ќе ги подобрат.

Лектура

Грешките во граматика, синтакса и правопис во текстовите веќе долго време се поправаат со помош на роботска автоматизација. Само сетете се на алатките како Grammarly кои ги автоматизираат вообичаените граматички поправки и го намалува времето потребно за лектори во човечки облик.

Сепак, иако лекторите често можат да бидат заменети од ВИ, уредниците и понатаму, во главно, се луѓе. Клучно е да се запомне дека човекот е тој кој и понатаму мора да одлучи што треба, а што не треба да се поправи.

Производство

Автоматизацијата на производствените процеси одговара на репетитивните должности во секторот. Процесите како работата, одржувањето и контрола на квалитет вообичаено се извршуваат од машините во производствените индустрии. Со оглед на тоа дека овие операции се едноставни за автоматизација, вклучувањето на вештачката интелегенција во производствениот процес може да ја зголеми продуктивноста. Иако автономните роботи не можат во потполност да ги заменат луѓето во секторот производство, нивните способности овозможиле да се елиминираат многу тешки процеси.

Градежни работници

Работата на градилиште може да биде исклучително тешка и опасна за луѓето. Роботите со способности на вештачка интелегенција, од друга страна, можат да работат побрзо и побезбедно, намалувајќи ја можноста за несреќа на работното место. Градежништвото е вештина која не бара премногу размислување, што е вештина во која автономните роботи се истакнуваат. Можат да работат подолго од луѓето, а во некои ситуации, и да ги извршуваат задачите побрзо, бидејќи се подобри во извршувањето на репититивни задачи без замор или некакви други пречки.

Возачи на автобуси и такси

Вообичаените комерцијални предизвици на транспортната индустија наскоро би можела во целост да се автоматизира – преку воведување на автономни автомобили. Возачите на такси и автобуси наскоро би можеле да се соочат со конкуренцијата од возилата со ВИ технологија која овозможува самоуправување и која може да вози посигурно и попрецизно од луѓето кога ќе влезат во јавниот простор.

Возачи на камиони

Роботските процеси кај возачите на камиони постојат експоненцијално поватоматизирани. Роботите опремени со вештачка интелегенција можат да претставуваат сериозна закана на возачите на камиони во блиска иднина. Камионите кои користат технологија без возачи веќе се попродуктивни, подоверливи и поекономични од камионите со човечки возачи.

Курирска услуга

Интеракцијата со клиентите е дел од спектарот на активностите на курирските служби. Искуството на купувачите може да се подобри преку користење на вештачката интелегенција за автоматизација на обработка на нарачките и статусот на испорака. Тоа ѝ овозможува на курирската служба побрзо да ги обработи нарачките и да ги испорача на време.

Меѓутоа, деловните примени не завршуваат тука. Функционирајќи автономно во магацините и елиминирајќи ја потребата за човечка работа, роботите и софтверот овозможени со вештачката интелегенција можат да ги забрзаат испораките. Обучувањето на роботите во блиска иднина може значајно да ја зголеми брзината и ефикасноста на работата на курирските служби.

„Front-end” и „back-end” професии

Дали вештачката интелегенција или роботите како прва точка на интеракција ви звучат прилично футуристички или неверојатно? Не толку колку што мислите.

Рецепционер

Рецепцијата е уште една област каде може да се намали значењето на меѓучовечката интеракција. Автоматските системи за препознавање на говорот можат да примаат повици, да ги ги филтрираат и, ако е потребно, да ги проследат кон одреден агент или одделение. Вештачката интелегенција ги унапредува сите организациски способности и вештините за управување со клиенти. Ако веќе не го направила тоа, вештачката интелегенција наскоро ќе ги замени луѓето во службата за корисници при одговарањето на прашањата за помош.

Готвачи

Роботи кои ја подготуваат вашата храна? Нема шанси! Откако ќе го запознаете роботот готвач, можеби ќе го промените мислењето. Самсунг Бот Шеф, робот кој го управува вештачка интелегенција, умее да ја препознае и разбере работата за да го подобри функционирањето на роботскиот асистент, готвач и сопатник, управувајќи со се што ќе му „дојде под рака“.

Работни места во медицината и фармацијата

Роботиката веќе некое време се вклучува во одредени медицински процедури. Меѓутоа, со напредокот на вештачката интелегенција и технологија, можеби повеќе ќе гледаме како роботите ги заменуваат медицинските работници.

Радиолози

Медицината бара високо нов на знаење и стручност. Поради тоа можеби би ви било тешко да замислите роботи наместо медицински екперти. Сепак, напредокот на ВИ алатките веќе им помага на радиолозите да постават попрецизни дијагнози, да ги идентификуваат клучните показатели во текот на третманот и да го унапредат стандардот на здравствените услуги.

Многу медицински робори можат да работат автономно без ризик од контаминирање на објектот, бидејќи стерилните постапки се клучни во здравствените установи. Покрај тоа, овие стерилни постапки можат да се користат во хирургијата, фамакологијата и фармацевтските услуги, каки и во другите гранки на медицината.

Дизајнирање на фармацевтски лекови

Роботот психијатар можеби се‘ уште години далеку. Меѓутоа, вештачката интелегенција веќе се користи во фармацевтскиот сектор за да помогне при развојот на лекови за нарушувања како депресијата, шизофренцијата и аутизмот. Алгоритмите можат да анализираат големи колични на податоци од клиничките испитувања многу побрзо од истражувачите во човечки облик.

Преку прегледување на податоците на пациентите и креирање на нови терапевтски можности, роботот психијатар потенцијално може да го подобри процесот на производство. Тоа може да ја зголеми ефикасноста на овие третмани, а истовремено да им овозможи на фармацевтските компании поефикасно да произведуваат лекови.

Извор: BIZLife Magazin

Фото: BIZLife Magazin