Синдикатот на УЈП со нов предлог за помирувач за зголемување на платите
Назначениот помирувач Лазар Јовевски, кој требаше да преговара со Министерството за финансии побарал изземање со обазложение дека е во странство и нема да се врати во рокот во кој треба да се преговара. Сега се чека во текот на денот Синдикатот на УЈП да предложи нов помирувач до Министерството за труд и социјала.
Сепак, велат од Синдикатот, опцијата за генерален штрајк останува отворена и ќе се активира доколку во наредните денови нема решение за зголемување на платите.
Вработените од УЈП веќе три недели протестираат со барање да се почитува колективниот договор за зголемување на платите од 30%, како што беше направено за вработените во Министерството за финансии.
Двочасовните протести од 10ч до 12ч , поради незадоволството на вработените од УЈП , ќе продолжат и во наредниот период.
Во меѓувреме, Од Меѓународниот монетарен фонд посочуваат дека во државниот буџет веќе има простор за зголемување на платите во јавниот сектор за околу 10%, но се што е над ова би создало големо оптоварување на буџетот.
Извор: Канал 5

