МакедонијаСиндикат

СОНК на работна средба со министерот за социјална политика

Работна средба со министерот за социјална политика, демографија и млади, г-нот Ѓоко Велковски, на која што беа отворени прашањата од интерес на вработените во детските градинки.

Во конструктивен разговор беа отворени повеќе прашања кои подолг временски период ги тишти вработените во градинките.

Министерот се заложи за постепено надминување на проблемите и како производ на коректен социјален дијалог и взаемно разбирање се очекува многу брзо да потпишеме акт со кои административните работници во градинките ќе го добијат дополнителното зголемување на платите како и останатите административци во државата.

Значаен придонес на конструктивноста на средбата даде и претседателот на КСС, г-нот Благоја Ралповски, кој со издржливи предлози помогна за изнаоѓање на взаемно прифатливи решенија.