СОНК оствари средба со Градоначалникот на Карбинци
Фејсбук статус на Претседателот на СОНК, Јаким Неделков:
Градоначалникот на општина Карбинци домаќин на претставниците на СОНК
Виктор Паунов, градоначалникот на општина Карбинци, ја прими делегацијата на СОНК, на која што се разговараше за прашања во интерес на општината и на СОНК.
Беше разговарано за условите за работа на градинката и училиштето во оваа рурална општина, како и предизвиците со кои се соочуваат и оштината и вработените во споменатите институции.
Претставниците на СОНК побараа од градоначалникот да изнајде соодветно решение за субвенционирање на трошоците на наставниците кои се изложени на големи финансиски трошоци поврзани со патување до нивното работно место и квалитетно извршување на своите работни задачи.

