Спасовски: Наш приоритет се условите на полициските службеници
Денеска извршив увид во условите за работа на полициските службеници на сега веќе реконструираниот објект на ОВР Гевгелија, проект вреден околу 12.000.000 денари, средства од буџетот на МВР.
Објектот беше во доста амортизирана и оштетена состојба, што беше делумна пречка во професионално извршување на работните задачи и активности на вработените, а во архивските записи со кои располагаме немавме податок за последното реновирање. Градежните работи ги започнавме на 14.10.2020 година и истите ги завршивме за краток временски период, независно од временските услови и пандемијата од Ковид-19, во дадениот рок – на 30.12.2020година.
Мој личен и приоритет на актуелното раководство на МВР – подобрување на материјалните, инфраструктурни и технички потенцијали на сите полициските организациони единици и на полициските службеници.
Денеска извршив увид во условите за работа на полициските службеници на сега веќе реконструираниот објект на ОВР…
Posted by Oliver Spasovski on Monday, January 11, 2021

