МакедонијаСиндикат

СПМ дел од работилнициата за Спречување на трговија со луѓе со цел спречување трудова експлоатација

Денес на покана на Бизнис конфедерација Македонија претставници на Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ учествуваа на работилницата со наслов „Спречување на трговија со луѓе со цел спречување трудова експлоатација“, во просториите на „Netaville“.

Предавач беше проф. д-р Лазар Јовевски – редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје кој со своето долгогодишно искуство во трудовото право и човековите права ги водеше сесиите на работилницата, обезбедувајќи длабински увид и практични насоки за учесниците.