Угостителите бараат нормално работно време и да има музика
Угостителите не се задоволни од мерките и новите протоколи кои ги утврди Владата. Независната угостителска комора бара укинување на ограничувањето на работното време, на маса да можат да седат повеќе од 4 лица и да има жива музика. Освен тоа бараат и измени во пакетот за помош, зашто според НУК, половина од угостителите се неправедно изземени од шестиот пакет мерки.
– Тоа што во моментов е ускратено правото на музичарите, не е проблем само загуба што ја трпат музичарите, туку проблем е што губат и угостителските објекти“, изјави претседателот на Независната угостителска комора, Здравко Јосифовски.
Тој смета дека е голема неправда доколку Владата или било кој министер мисли дека со одлука ќе се додели финансиска помош само на едни, а другите ќе бидеме набљудувачи и ќе гледаме како тие пари ги насочуваат за друга употреба.
Од НУК поќнаа и кампања со која промовираат сертификати за безбедна зона, што значи дека кафулињата и рестораните кои имаат таков сертификат задолжително ќе мора во затворениот дел да имаат прочистувачи.

