Фактор: Фабрика на Владата е преземена од бизнисмен од Василево
Фабриката за шински возила „Колска“ од Велес, која досега беше во сопственост на Владата на РСМ, од овој месец официјално има нов газда – „Трени Балцани Оццидентали“ од струмичко Василево на бизнисменот Ѓорге Трајанов.
Претходно беше прифатен планот за реорганизација поднесен до велешкиот суд за реорганизација и подмирување на доверителите, поднесен на 15 јануари годинава. Од Владата за „Фактор“ потврдија дека за промената на сопственоста немало потреба од купопродажен договор, туку дека до новото сопствеништвото доаѓа со исполнувањето на условот да се плати долгот кон УЈП како доверител.
Повеќе на Фактор

