ЕкономијаМакедонија

Царински гаранции за увоз за облагородување – компаниите да се јават до Развојна банка

Во насока на олеснување и подобрување на условите за работа, посебно во време на пандемија, Развојната банка на Република Северна Македонија разви нов производ  – Царински гаранции за увоз за облагородување. Овие банкарски гаранции, пред се, се наменети за малите и средните претпријатија што работат увоз заради облагородување. Повеќе информации се достапни на следниов линк-

https://mbdp.com.mk/mk/garancii/carinski-garancii. Заинтересираните компании можат директно да се јават во Развојната банка на Северна Македонија.

Износот на гаранцијата зависи од кредитната способност на компанијата.

  Максимален износ:
  – до 15.375.000 МКД за мали и средни компании и
  – до 24.000.000 МКД за компании кои според Националната
    класификација на дејности спаѓаат во шифрите на дејности – 
    Ц/Б Преработувачка индустрија.