Што има во Хрватска и Словенија па нашите бегаат таму на работа?!
Нашите работници се барани од Словенците, Црногорците, Хрватите, Србите, Бугарите… Но, она што е интересно е што овде не станува збор само за сезонски огласи, туку и за понуди за трајни вработувања.
Сезонската работа на море е во полн ек. Според некои процени на агенциите што нудат сезонска работа, од Македонија заминуваат од 15.000 до 20.000 работници да работат во летниот период. Но, веќе сè почесто се бараат и работници за во производни погони, магационери, дистрибутери… Во моментов на порталот Vrabotuvanje.com има повеќе активни работни места за работа во странство. Има и такви во кои се нуди сè и сешто како гаранција за пријатната работна атмосфера – од соленки и овошје до персонални тренинзи за личен развој.
Наши работници бараат Словенците, Црногорците, Хрватите, Србите, Бугарите… Но, она што е интересно е што овде не станува збор само за сезонски огласи, туку и за понуди за трајни вработувања.
Такво вработување нуди пекарската индустрија во Словенија „Дон Дон“. Преку македонска платформа се бараат работници што ќе работат на целиот процес, од автоматска изработка на леб до негово пакување во погон во Гросупље. Во Крањ, пак, се бараат работници за изработка на крофни и сендвичи. Според словенечката компанија, се бара работно искуство, подготвеност за работа на смени, знаење на српскохрватски јазик, а нудат редовна плата и осигурување, поврат на патни трошоци и трошоци за храна, регрес за годишен одмор и бонуси. Колкава е платата не е наведено, но според последните податоци на Државниот завод за статистика на Словенија, просечната бруто-плата во оваа земја е 2.182 евра, а просечната нето-плата е 1.418 евра. Стапката на невработеност во Словенија е само 3,8 проценти.
Извор: Vrabotuvanje.mk

